|
|
|
|
КАКО ПОЧНАВМЕ |
|
Искрено верувам дека во животот секое зло се случува за некое добро, и дека по трите најтешки денови поминати во Институтот за белодробни заболувања - Козле поради бактериска пнеумонија на двајцата мои синови, Лука кој има неполни 4 години и Марко кој има неполни 2 години, знаев дека мора од тоа мое животно искуство да се изроди нешто добро.
Тогаш, цврсто одлучив дека повторно ќе се вратам во Институтот, но не како пациент туку како човек кој сака да ги понуди сите свои способности за помош на оваа болница...
Повеќе
|
ШТО НАПРАВИВМЕ |
Од секогаш себе си се сметав за многу среќна личност. Она што бескрајно ме исполнува и ме прави среќна е што наидов на многу луѓе кои безрезервно одлучија да го следат мојот сон. Идеата за донаторска аукција на чоколадо немаше никогаш да стане реалност ако за неа не се заземеа моето семејство, моите стари но и новостекнати пријатели на кои нема зборови со кои би можела да им се заблагодарам, и секако, донаторите без чија несебична поддршка немаше да можеме да го оствариме овој проект.
Овој проект немаше никогаш да успее без Вас. Сите ние сме различни однадвор, но она што навистина е важно е што носиме во нашите срца, а тие не се разликуваат многу по својата големина... колку што јас се разбирам во медицина! Вие широко ги отворивте Вашите срца и ни помогнавте да собереме 300.000 денари за само неколку часа. Ви благодарам на сите за искрената поддршка.
Често цитирам...
Повеќе
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Коментари (13) |
marija
2009-12-14 12:02:15
prekrasno e se mnogu mio se dopaga celava rabota
...
|
Suzana Ilic
2009-12-04 06:48:25
Mislam deka ovaa aukcija ke bide golema provokacija ka ...
|
Valentina
2009-12-04 02:19:34
Originalna i mnogu humana ideja! Ja pozdravuvam i posak ...
|
|
|