КАДЕ |
|
Хотел Александар Палас – Скопје
КОГА |
|
04 декември, петок, со почеток во 20 часот
|
ПРОГРАМА |
|
|
- Краток прием на гостите со мали чоколадца и пијалок
- Регистрација на гостите – учесници на аукцијата
- Сместување на гостите во салата и почеток на програмата
- Краток поздравен говор за добредојде од организаторот
- Настап на танцова двојка од Прима данца
- Почеток на аукцијата – ПРВ ДЕЛ
- Модна ревија на Силвија Михајловска, на која манекенките од Мак Моделс ќе носат модели со додатоци изработени од чоколадо
- Аукција – ВТОР ДЕЛ
- Настап на танцова двојка од Прима данца:
- Коктел со чоколадни специјалитети, чоколадни напитоци, колачи, овошје, вино и други пијалоци
|
НАПОМЕНА: Организаторите го задржуваат правото за промена на делови од програмата |
|
|
КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ ВО АУКЦИЈАТА |
|
|
За да бидете дел од аукцијата и да уживате во наддавањето за Вашиот омилен експонат треба да ги следите 10 едноставни чекори:
|
|
- При самото пристигнување, на влезот ќе треба да се регистрирате на јасно означените пунктови и да си земете табличка со број со кој ќе можете подоцна да лицитирате за посакуваните производи.
- При почетокот на аукцијата која јасно ќе биде најавена од страна на водителите, секој производ ќе биде одделно претставен на посетителите.
- Водителите ќе ја објават почетната цена за наддавање.
- Со подигнување на вашето бројче можете веднаш да лицитирате.
- Минималната сума за која можете да го зголемите влогот ќе биде различна во зависност од производот.
- Максималната сума не е лимитирана и доколку сакате да понудите поголема сума од минималната определана, ќе треба гласно да ја кажете својата понуда.
- Во случај истовремено да се јават двајца или повеќе понудувачи, водителите ќе треба да му дадат предност на оној што бил најбрз во понудувањето, а потоа да им дадат можност на другите да го зголемат понудениот влог.
- Производот ќе се смета за продаден кога по последната понудена сума нема да се јават други наддавачи, а при тоа водителите три пати ја потврдиле последната понуда и извикале ПРОДАДЕНО НА БР....
- Во случај некој од наддавачите да даде нова понуда после првиот или вториот повик на водителите, наддавањето за тој производ продолжува.
- Купените производи ќе можат да се подигнат веднаш по завршувањето на целата програма, за време на коктелот, кога ќе треба да се уплатат и парите за производот на јасно означени пунктови во самата сала.
|
|
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ И ПОДИГНУВАЊЕ НА ЕКСПОНАТИТЕ |
|
|
Почетните цени на експонатите на аукцијата ќе се движат од 3000 до 40 000 денари.
Купените експонати ќе можат да се подигнат веднаш по завршување на програмата, за време на коктелот.
Паричните средства за купените експонати ќе се наплаќаат веднаш по завршување на програмата, за време на коктелот, на строго определени пунктови во готово или со кредитни картички.
Сите собрани средства од аукцијата се наменети за обезбедување на помош за Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, Скопје.
Здружение на граѓани
ПОЗИТИВО
жиро с-ка: 210 - 0653832001 - 47
НЛБ Тутунска банка
|
Однапред Ви благодариме. |
|